Работилница: Жените Ромки не си ги знаат правата
Жените од ромската заедница најчесто пријавуваат дека немаат пристап до институциите и не си ги знаат своите права. Не знаат каде да се обратат кога има семејно насилство, беше речено на денешната прва работилница од серијата „И јас можам“ што ги организира Националниот ромски центар во Штип.
Целта на работилниците е заштита од дискриминација на жените Ромки.
-На терен се покажува дека жените од ромската заедница не знаат во кои институции да се обратат кога има семејно насилство, рече Сабина Асанова, локален теренски консултант.
Според Катерина Шојиќ од Националниот ромски центар, идејата на денешната прва работилница е да се поттикне свесноста и да се придонесе кон спречување и заштита од дискриминација на жените Ромки.
-Другите обуки се за подигнување на свесноста за заштита и спречување на насилството врз жените Ромки и особено на семејното насилство, нагласи Шојиќ.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Лидерската завршува со неуспех
-
Велес: Сообраќајка помеѓу автомобил и мотор, тешко повреден е малолетник кој го возел моторот
-
Маж загина во тешка сообраќајка помеѓу мотор и автомобил во валандовско
-
Фатени две малолетнички од тетовско како крадат од продажен објект
-
Грабеж во Стопанска Банка во ТЦ „Беверли“ - влегол со пиштол, наредил да му ги дадат сите пари и избегал
-
Меџити го повика Јовев да му биде национален советник за кардиохирургија
-
Почна лидерската средба, Ковачевски со 3 предлози, Мицкоски со 1
-
Нестабилно со пороен дожд и грмежи и следните денови