Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата
Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, доцна синоќа поднесе оставка од функцијата.
Таа самата ја соопшти веста додека зборуваше во Собранието, откривајќи дека причината за оваа оставка е поврзана со нејзината здравствена состојба.
– Почитувани колеги од парламентарното мнозинство и почитувани колеги од парламентарната опозиција. Овде денеска завршува мојот 3-годишен ангажман на чело на Собранието.
Поради мојата здравствена состојба, не можам да ја извршувам високата должност на вториот државен функционер на државата, со потребната посветеност што ја повлекува оваа должност, рече Никола од собраниската говорница.
Секојдневно, додаде, се трудев да дадам се од себе за да се обезбеди непречено одвивање на работата во оваа сала. – Ако некому сум оставила поинаков впечаток, го уверувам дека тоа не ми била намерата.
Ако сум згрешила, не сакајќи, се извинувам. Кон сите го имам убавото чувство на почит што сите ми ја упатувате. Ви благодарам на сите, посочи таа.
Линдита Никола(59) е позната универзитетска професорка. Пред да биде избрана за парламентарец таа беше министерка за образование.
Ново на Сител
-
Двајца кавадарчани нападнале полицаец во угостителски објект, подоцна пресметката продолжила во болница
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли