Македонија
17. October 2018 - 8:32

Работилница за климатските промени

Воведна работилница на новиот проект за подготовка на Четвртиот национален план и Третиот двогодишен извештај за климатски промени, кој се спроведува од Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации, ќе се одржи денеска во Скопје. 

Воведно обраќање ќе имаат државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска и заменик на постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Нарине Сахакјан.