Путин: Западот сака да се бори со нас до последниот Украинец
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Западот сака да ја победи Русија на „бојното поле“ во Украина и рече „нека се обидат“, што укажува дека Москва „сè уште не започнала сериозни работи“.
-Денеска слушаме дека сакаат да не победат на бојното поле. Што да кажам. Нека се обидат, рече Путин на средбата со шефовите на пратеничките групи на Долниот дом на Парламентот, што беше пренесена на телевизија.
-Многу пати сме слушнале дека Западот сака да се бори со нас до последниот Украинец. Тоа е трагедија за украинскиот народ. Но, се чини дека сè оди во таа насока, рече Путин.
Тој говореше во време кога САД и европските земји во последните недели ја забрзаа испораката на оружје за украинската армија, која се обидува да го запре напредувањето на руските сили во источна Украина.
-Сите треба да знаат дека сè уште не сме започнале сериозни работи во Украина, рече Путин во еден од неговите најжестоки говори во последните неколку недели, пренесува АФП.
Но, тој не најави проширување на воените активности, ниту пак други конкретни иницијативи.
-Истовремено не одбиваме мировни преговори. Но, оние кои ги одбиваат треба да знаат дека колку подолго ги одбиваат, толку потешко ќе преговараат со нас, рече рускиот претседател.
Користејќи реторика што потсетува на реториката на советските лидери за време на Студената војна, Путин го осуди западниот „тоталитарниот либерализам“ и оцени дека офанзивата во Украина го означува почетокот на транзицијата на светот обележан со „егоцентричната американска глобализација во вистински мултиполарен свет.
-Во повеќето земји, луѓето не сакаат таков живот или таква иднина. Тие се уморни од клекнување и понижување пред оние кои се сметаат за исклучителни, рече рускиот претседател.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат