-->
-->
Пукање во скопско - едно лице рането
-->
Пукање во село Грчец, едно лице завршило со две прострелни рано на левото стапало. Како што информираат од МВР, вчера околу 10.00 часот од лекар од амбуланта Сарај било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето Ј.И. (55) од с.Грчец со две прострелни рани на левото стапало. Истиот ден околу 09.40 часот пред мостот во с.Грчец лице од с.Раовиќ, скопско, со огнено оружје испукал неколку пати кон Ј.И., по што побегнал во непознат правец.
На местото на настанот биле пронајдени две чаури и траги од крв. Со возило на Итна медицинска помош, Ј.И. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде бил задржан на лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор