Пуџдемон кандидат за премиер на Каталонија
Сепаратистичките каталонски партии Заедно за Каталонија и Каталонската републиканска левица (ЕРЦ) се договорија да го поддржат поранешниот лидер Карлес Пуџдемон за нов претседател на каталонската регионална влада.
Двете партии освоија 66 од 135-те места во Парламентот, каде денеска ќе се одржи првата седница по изборите одржани во декември.
Пуџдемон, кој може да биде уапсен доколку се врати во Шпанија, сака да стапи на должност од Брисел, каде се наоѓа од кога Мадрид издаде налог за негово апсење.
Пред два дена, шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека автономијата на Каталонија ќе остане суспендирана ако сепаратистот Пуџдемон се обиде да управува од Брисел. - Идниот каталонски лидер треба да ја преземе функцијата и физички, а тоа не може да го направи од Брисел, изјави Рахој.
- Ако не го направи тоа, членот 155 ќе продолжи да биде во сила, изјави Рахој, мислејќи на членот од Уставот со кој и беше овозможено на централната власт да ја стават под директна управа Каталонија од 27 октомври.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари