Пуџдемон: Јас сум претседател на Владата на Каталонија
Сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон ја повика шпанската Влада да му дозволи да се врати во Шпанија за да присуствува на првата седница на новиот каталонски Парламент и да стане нов лидер на Каталонија.
Сепаратистичките партии освоија тесно мнозинство во Парламентот на неодамнешните регионални избори, но се уште е неизвесно дали Пуџдемон и другите приведени лидери ќе можат да присуствуваат на седниците на Парламентот.
- Сакам да се вратам во Каталонија што побргу. Би сакал да се вратам веднаш. Тоа би била добра вест за Шпанија, рече Пуџдемон во интервју за една светска агенција.
На прашањето дали ќе се врати на време за првата седница на Парламентот која треба да се одржи најдоцна до 23 јануари, тој рече тоа би било „природно“.
- Ако не ми се дозволи да положам заклетва како премиер, тоа би била голема аномалија за за шпанскиот демократски систем, рече Пуџдемон.
- Јас сум претседател на регионалната влада и јас ќе останам претседател ако шпанската држава ги почитува резултатите од гласањето, истакна тој.
Пуџдемон кој ја повика шпанската Влада на дијалог за да се решат тензиите меѓу Барселона и Мадрид, рече дека е подготвен да ја сослуша секоја понуда на премиерот Маријано Рахој, дури ако е тоа и помалку од независност.
- Ако шпанската држава има предлог за Каталонија, треба да го слушнеме, рече Пуџдемон додавајќи дека сака дијалог на еднакви.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога