Првпат по половина век снег падна и во Неапол
Необично студеното време, под влијание на студен сибирски бран, се уште царува на Апенинскиот Полуостров. Минатата ноќ снег падна во јужниот италјански град Неапол, по што беше затворен аеродромот, како и сите училишта во градот.
Поради голомразицата на пистата и лошата видливост, властите на неаполскиот аеродром Каподикино ги стопираа привремено полетувањата и слетувањата. Засега не се знае точниот број на одложени летови.
Проблеми има и со градскиот превоз.
Снежна покривка се образува и на вулканот Везув крај Неапол. Снегот ги затрупа и крајбрежните булевари и градскиот центар. Последен пат жителите на јужниот град крај Неаполскиот Залив виделе ваков обилен снег пред повеќе од половина век, во 1956 година.
Студениот циклон, наречен од Италијанците „Сибирска бура“, се уште беснее во централните региони, но се движи кон југ. Снегот обилно наврна вчера и во Рим, кој, по ледената ноќ, и денеска не се топи и прави проблем на превозот во градот. Локалната самоуправа на Рим ги остави училиштата затворени.
Забележани се и рекордно ниски температури, од минус 35 степени Целзиусови во Северна Италија до минус 15 во централните региони на полуостровот. Синоптичарите очекуваат извесно затоплување дури следната среда, но веќе предупредуваат дека ќе следува нов бран на студ и врнежи.
Ново на Сител
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири