Македонија
1. January 2022 - 11:59

Првороденото бебе во струмичката болница е машко

Првороденото бебе во новата 2022 година во струмичката болница е машко, а на свет го донесе Гулбеас Караелмазова од валандовското село Калково.

Детете е родено во 01:10 часот со тежина од 2.780 грамови и должина од 50 сантиметри, а на родилката тоа и е трето дете.

Породувањето со царски рез го извршиле д-р Дончо Москов и д-р Сузана Смилкова и сестри од Акушерското одделение на болницата во Струмица.