Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта в понеделник ќе го посетат Киев по повод третата годишнина од целосната руска инвазија на Украина, јави ДПА.
Во објавата на социјалната мрежа Х во која го најави патувањето, Кошта напиша дека посетата „ќе ја потврди поддршката за херојскиот украински народ и за демократски избраниот претседател (Володимир Зеленски)“.
Со напомена дека Зеленски е избран на демократски начин, Кошта му испраќа јасна порака на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера го нарече Зеленски „диктатор“ и рече дека нема демократски легитимитет, забележува ДПА.
Европската комисија претходно неделава објави дека Фон дер Лајен и европските комесари имаат намера да ја посетат Украина за годишнината, но во тоа време не беа објавени дополнителни детали.
Ново на Сител
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата