Живот
12. July 2017 - 9:22

Прва венчaвка на британскиот „леден крај на светот“

Двајца англиски истражувачи ја најавија својата, инаку прва венчавка на британска двојка на Антарктикот.

Љубовната двојка Џил Бом и Том Силвестер се заедно 11 години и ќе бидат првите кои ќе се венчаат на Британската Антарктичка Област откако законот за брак беше променет минатата година. Со тоa на граѓаните на Велика Британија им е овозможено да склопат важечки брак на таа територија, како и на сите други 13 британски прекуморски земји.

Двајцата научници ќе се венчаат в сабота или в недела, во зависност од временските прилики.Свеченоста ќе се одржи во британската истражувачка станица „Ротера“.

Меѓународните венчални церемонии досега се одржуваа во руската православна црква Света Троица на антарктичкиот Остров на Крал Џорџ.