Loading Video...
Фудбал
11. August 2018 - 19:15

Прва МФЛ: Реми за Шкендија и Вардар, Ренова го изненади Работнички

 

Фудбалерите на Шкендија и Вардар се менуваа во водството и на крајот мораа да се задоволат со по еден освоен бод во дербито што го обележа стартот на домашното првенство.

                Вардар уште на стартот ја отвори серијата голови со  прецизниот удар на Барсегјан.

                Домаќинот имаше шанса да израмни од пенал но не реализира Ибраими за да истиот играч од слободен удар ја поправи грешката и до крајот на првиот дел носи израмнување.

                По прекрасната акција Бојку Ибраими, токму Бојку бие прецизно за водство на Шкендија од 2-1.  Сепак Вардар беше упорен и со прецизниот удар на Горан Попов успеава да се спаси од пораз на мечот кој заврши со резултат 2-2.

Во вториот меч денеска на Филип Втори  Ренова го изненади Работнички совладувајќи го со 4-3.