Фудбал
24. September 2023 - 19:48

Прва МФЛ: Пораз на Вардар, дербито во Струмица без победник

Екипите на Вардар и Гостивар ги сменија позициите на табелата откако гостите остварија значајна победа од 2-0 на теренот во Маџари.

          Резултатот го отвори Ларне Кехинде во 31-та минута по што Вардар се обидуваше да го израмни резултатот но безуспешно по што Гостивар со голот на Гоба на две минути пред крајот го постигна и вториот погодок на оваа средба за гостинскиот тим .

          Многу возбудувања имаше во Струмица каде се играше дербито на колото.

          Силекс  поведе со погодокот на Марко Ѓорѓиевски во 25-тата минута  а имаше и шанса за повисоко водство но Дарко Анѓелески не успеа да го совлада домашниот голман Алчески.

          По исклучувањето на Ристовски , Брера ја превзеде иницијативата и преку Трајков во 76-тата минута успеа да го избегне поразот.

          По осумте одиграни кола  Брера останува на третата позиција со бод повеќе од Силекс кој е четврти додека на првите две места се Шкендија и Шкупи.

ПРВА МФЛ  8. Коло 
Вардар – Гостивар  0-2
Шкендија – Македонија ЃП 1-0
Брера Струмица – Силекс  1-1
Воска – Шкупи  2-3
Струга ТЛ – Работнички  1-0
Тиквеш – Брегалница 2-1
 
ФОТО: спортмедиа.мк