-->
-->
Прв случај на корона вирус во Валандово
-->
Првиот заболен пациент од корона вирус во Валандово, кој беше регистриран вчера, моментно се лечи на Одделението за пневмофизиологија во болницата во Битола, каде бил примен на 17 април.
Валандовчанецот има 64 години и е во добра здравствена состојба. Го очекува тестирањето кое ќе биде направено по 14 дена од неговиот прием во болницата.
Градоначалникот Перо Костадинов на својот фесбук профил објави дека пациентот по враќањето од странство, бил спроведен во државен карантин каде што ги покажал и симптомите на болеста.
Тој апелираше до сограѓаните да бидат емпатични и да избегнуваат непотребно создавање паника, а на инфицираното лице му посака брзо и лесно оздравување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче