Македонија
1. October 2024 - 12:42

Прв академски час на универзитетите

Прв академски час на универзитетите низ Македонија. Како што соопштија од УКИМ свечениот час вклучува и доделување индекси на најдобро рангираните студенти од секој факултет. Посочуваат дека чинот на доделување - еден индекс на еден студент од секој факултет го симболизира врачувањето на индексите на новата генерација студенти на УКИМ.

На скопскиот универзитет присуствуваше Премиерот Мицкоски додека Министерката за образование Весна Јаневска беше во штипскиот универзитет, а Вицепремиерот Меџити на универзитетот Мајка Тереза.