Македонија
2. April 2017 - 10:19

Проверете дали ќе останете без струја - Неколку населби од Скојпе утре без електрична енергија

Дел од корисниците од улиците „Џумајска“ и „Миле Поп Јорданов“ во општина Карпош утре од 8:30 до 16:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 16 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ и потегот околу Порта Македонија во општина Центар, а од 9 до 15 часот од улиците „Брсјачка буна“, „Злетовска“ и „Нов живот“ во општина Шуто Оризари.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување планирани технички зафати во електро-мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.