Протести пред воздухопловната база во Каракас
Безбедносните сили на Венецуела употребија солзавец за да растераат група млади демонстранти кои ја пробија металната ограда пред воздухопловната база во Каракас.
Демонстрантите фрлаа со камења и запалија возила, а некои од нив се повредени. Судирите избија по мирните масовни демонстрации во близина на базата „Карлота“, каде неодамна беше убиен 22-годишен демонстрант, откако во градите беше погоден од гумен куршум.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро вчера обраќајќи се на војниците посочи дека успеал да ја осуети заверата за негово соборување, која според него, била поддршана од САД. Тој ја пофали армијата што е на страната на неговата социјалистичка Влада.
Над 70 лица загинаа, стотици се повредени, а повеќе од 3.000 луѓе се уапсени во протестите што траат речиси три месеци.
Демонстрантите го обвинуваат Мадуро за недостигот на храна, лекови и основни животни производи и бараат предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани