Балкан
5. November 2020 - 21:21

Протест во Љубљана поради незадоволство од новите рестрикции

Протест во Љубљана поради незадоволството од донесените нови мерки за справување со корона вирусот.

Полицијата со употреба на водени топови и солзавец се обидела да ги растера демонстрантите, а на местото на инцидентот пристигнал министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.

Медиумите јавуваат дека демонстрантите фрлале кон полицијата со бетонски плочи, притоа повредени се три лица, од кои две се пренесени во болница.