Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
Со 57 хартиени фенери, што беа пуштени во воздух пред грчкиот Парламент во центарот на Атина, организаторите на денешниот протест за железничката несреќа им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај Темпи, јави дописничката на МИА од Атина.
Денешниот протест на плоштадот Синтагма е во организација на организации, здруженија, работнички центри, синдикатот на Комунистичката партија, студентски здруженија и сл. и е во исто време со почетокот на тридневната расправа во Парламентот за предлогот на четири опозициски партии за гласање недоверба на Владата.
Целта на демонстрантите е уште еднаш да го повторат и истакнат нивното барање за правда и одговорност за несреќата.
На плоштадот пред Парламентот непосредно пред споменикот на Незнајниот војник, каде што веќе подолго време со црвена боја се испишани имињата на загинатите, сега се поставени и свеќи кои го обликуваат бројот 57.
Железничката несреќа кај Темпи се случи на 28 февруари 2023 година во директен судир на патнички и товарен воз, при што загинаа 57 лица.
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство