Протест со автомобили на ВМРО-ДПМНЕ на релација Скопје - Штип
ВМРО-ДПМНЕ за денеска најавува нов протест со автомобили против, како што велат, мафијата и за слобода и правда.
– На 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата за правдата и слободите. 127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ. 127 години од светлиот датум за Македонија, за македонскиот непокор и пркост покажан низ вековите, денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава. Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чувство кое ни го негираат, се вели во прогласот за протестот.
Протестот ќе започне во 12 часот од СЦ Борис Трајковски и СЦ Јане Сандански и ќе финишира пред Собранието каде ќе се обрати лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции