Протест на судската служба пред зградата на штипскиот Основен суд
Судската администрација во Основниот суд во Штип излезе на едночасовен протест пред зградата на судот. Верица Тасева вели дека Здружението на судска администрација е незадоволно од третманот на извршната власт кон вработените во судската служба.
-Над 90 проценти од вработените во судската служба земаат плата под просечната плата. Земаат во распон меѓу минималната и просечната плата. Многу мал дел земаат просечна плата, на една рака можат да се избројат раководните службеници, кои земаат малку повеќе од просечната плата, вели Тасева.
Посочува дека разликата во платите меѓу судските службеници и судиите досега е највисоко ниво. Инфлацијата и цените на производите влијаат и врз намалување на животниот стандард врз овие службеници. Затоа бараат под итно зголемување на платата на вработените во судските служби за 30%, поради спецификата, сложеноста на работата.
-Бараме исплата на додатоци на плата во висина од најмалку 25 проценти и бараме исплата на разлика на додатоците на плата, затоа што имаше еден период кога се пресметуваа додатоците на плата, односно не се засметуваше минатиот труд, вели Тасева.
Судските службеници поради тоа што судската ферија почнува од 15 јули а завршува на 15 август со протестите ќе продолжи по 15 август.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги