Протест на приватните превозници утре пред ЈСП во Автокоманда
Дел од приватните превозници најавуваат протест за утре од девет часот пред седиштето на ЈСП во Автокоманда.
Исен Халили од „Макекспрес“ во изјава за МИА вели дека вчера се одржал состанок на лица од двете компании, на кој е одлучено да се протестира во текот на утрешниот ден. Како што нагласи Халили, целата работа околу решавањето на нивниот проблем се одоговлекува, а тие се без работа и имаат трошоци.
На протестот ќе се бара средба со директорот на ЈСП, а се подготвуваат и барања за прием до Град Скопје и до Владата.
И Милоград Димитриевски, еден од сопствениците на „Макеспрес“ потврди дека таков состанок е одржан.
– Превозници од „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ сами одржале состанок и се договориле утре од девет часот да одржат протест пред седиштето на ЈСП во Автокоманда. Јас не бев присутен на тој состанок, но ја добив информацијата од колегите кои биле присутни, дека така е договорено. Има информации во јавноста дека 5.000 денари биле исплатени на „Слобода превоз“, по кој основ, не знам. Кај нас немаат префрлено ништо од 2 ноември наваму, вели Димитриевски за МИА.
МИА го контактираше и Ленин Јовановски од „Слобода превоз“, кој кажа дека тој лично не е информиран за протест што ќе се одржи утре пред седиштето на ЈСП во Автокоманда.
Ново на Сител
-
КФОР: Зад насилните протести во северно Косово се криеја криминални групи
-
ЈОРСМ: Нема основано сомневање за сторени кривични дела од ексдиректорот и вработени во Управата за финансиска полиција
-
Вучиќ: Приштина да направи отстапки за Србите да учествуваат на нови избори
-
СПМ бара оставка од министерот за здравство Меџити
-
Малолетници кај Романовце со тврди предмети гаѓале автобус во кој се превезувала фудбалска екипа
-
Полицијата уапси дилер на дрога од Велес - во неговото возиле пронашле кокаин и марихуана
-
Ограбени две обложувалници вчера во Скопје
-
Судан: Завојуваните страни постигнаа договор за 24 часовен прекин на огнот