Прослава во Северна Кореја по повод успешната проба на првата хидрогенска бомба
Десетина илјади севернокорејски војници и цивили се собраа денеска на плоштадите и во салите на Пјонгјанг со цел, во организација на државата, масовно да го прослават изведувањето на четвртата нуклеарна проба.
Луѓето танцувале по улиците, а државните медиуми јавуваат дека на прославата присуствувале и високите членови на државното раководство вклучувајќи го и премиерот Пак Понг Ју, пренесува Танјуг.
Најмногу граѓани, околу 100.000 според проценките на државните медиуми, се собрале на плоштадот „Ким Ил Сунг“ кој е именуван по покојниот основоположник на земјата и дедо на сегашниот лидер Ким Јонг Ун.
- Воодушевено го славиме историскиот национален настан на успешно изведена прва проба на хидрогенска бомба, пишувало на транспарентот под кој стоеле севернокорејските војници.
Се уште не е познато дали на прославата присуствувал и севернокорејскиот претседател Ким.
Официјален Пјонгјанг пред два дена соопшти дека ја извеле својата прва успешна проба на минијатурна хидрогенска бомба, што се уште не е потврдено, но следеа осудувања од сите страни на светот.
Ново на Сител
-
Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа
-
Струјата во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто
-
Приведен крадец баран со потерница
-
ИНСТАТ: Во Албанија живеат 2.281 Македонец, 7957 се попишани како Бугари
-
Ќе се дигитализираат 20 нови услуги во првите 100 дена од работата на Владата
-
Се испуштаат агресивни кучиња во Битола, општината побара помош од МВР и АХВ
-
Викендов сончево и топло, од вторник услови за невреме
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите