Прослава по повод Денот на рударите во Крива Паланка
На градскиот стадион во Крива Паланка во организација на компанијата „Булмак 2016“ денеска свечено беше одбележан 28 Август –Денот на рударите со присуство на околу 800 вработени во двата рудника за олово и цинк „Тораница“ и „Злетово“, на претставници од Владата и од локалните самоуправи каде гравитираат рудниците.
-Крива Паланка е позната како град на рударството, кое има значителен удел во индустриското производство, не само во локалната економија, туку и во национални рамки. На оваа производствена гранка се темели нашиот севкупен локален и економски развој, а „Тораница“ отсекогаш била стратешки гигант и за општината и државата. Од пред три години „Булмак 2016“ отвори нова надеж за Осоговското рударство и постави нови стандарди и перспективи за идниот развој на рудникот. Оваа компанија во моментот ангажира најголем број на вработени во општината, а кога работи „Тораница“ индиректно тоа значи функционирање на останатите економски гранки, градот живее, имаме подобар стандард на граѓаните, се подобрува социоекономската состојба, се намалува невработеноста и миграцијата, рече градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
Мицевски им оддаде почит на сите вработени рудари кои ја обавуваат оваа високо ризична професија, а од име на Општина Крива Паланка додели плакета на „Булмак 2016“ за поддршката на културниот, економски и севкупниот развој на општината.
На прославата присуствуваа и претставници од „Минстрој холдинг АД“, Софија, Р Бугарија, мајка компанија на „Булмак 2016“. Извршниот директор на Минстрој потенцира дека пред точно три години на овој ист ден претставникот на бордот на директори Николај Валканов нагласил дека двата рудника кои во тој момент беа во лоша состојба, ќе се развиваат.
-Денес нашата стратешка инвестиција резултира со повеќе од 800 вработени во двата рудника, со постојан раст на производството и постојани инвестиции во работна опрема неопходна за непречена работа, денес слободно можам да кажам дека е успех што гледам толкав голем број вработени, присутни на одбележувањето на денот на рударите. Тоа е доказ дека со напорна работа и голема верба се постигнуваат големи резултати, рече Неделчо Бонев, извршен директор на „Минстрој Холдинг“.
Прославата, со која воедно се одбележа и Успението на Пресвета Бопгородица, помина во пријатна атмосфера и дружење со познати домашни фолк-ѕвезди и заедничка дружба на присутните.
Ново на Сител
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети