Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети
Полицијата ноќеска извршила претреси во Пробиштип и пробиштипско, при што била пронајдена дрога и други предмети. По документирањето на случајот, како што велат од МВР, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
-На 12/13.07.2025 во период од 23.20 до 04.50 часот, полициски службеници од НККР Пробиштип, ПСОН Штип, СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во содејство со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд, Управа за јавни приходи и Државен градежен инспекторат за урбанизам, во рамки на активности за откривање на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ (член 215 од КЗ), и „бесправно градење“ (член 244 од КЗ, а врз основа на судска наредба од Основен суд Штип, извршија претрес во дом и други помошни простории на лицата Љ.Н. и А.Н. од Пробиштип, соопшти денеска МВР.
Исто така, врз основа на судска наредба извршени се претрес и на станбени објекти, канцелариски простории, угостителски објекти, помошни простории и гаражи, кои се во сопственост или ги користи правно лице од Пробиштип, а лоцирани во село Плешенци, пробиштипско.
При претресите пронајдени се и одземени марихуана, три дигитални видео рекордери од поставен видео надзор и други предмети. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки