Пронајдени 80 мигранти во возило на дваесетгодишник од скопско Визбегово
На 15.08.2020 во 09.30 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, кај стар мотел Градско, полициски службеници запреле товарно возило „мерцедес 911“, со скопски регистарски ознаки.
Веднаш по застанувањето, возачот побегнал, но набргу бил пронајден и приведен. Станува збор за А.Ф.(20) од с.Визбегово, скопско. При преглед во товарниот дел во возилото биле пронајдени 80 лица мигранти (79 од Пакистан и едно од Еритреја).
Увид бил извршен од полициски екипи, а за настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба против А.Ф. била поднесена кривична пријава, поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Исто така, по наредба на Јавниот обвинител мигрантите ќе бидат сместен во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ - Гевгелија.
Ново на Сител
-
Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето
-
Преглед на вестите од светот
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева