Македонија
28. October 2022 - 14:07

Пронајдена дрога во кумановско, приведени две лица

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 19 часот ги лишиле од слобода М.Д.(37) и Е.Д.(37) од село Романовце, кумановско, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При претрес во нивниот дом во село Романовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, марихуана, дигитална вага, куршум и 101 стари метални монети со различна големина.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.