Македонија
14. September 2018 - 8:42

Промоција на книгата „Суштината на времето“

Во рамки на Вевчанското културно лето - ВЕВКУЛ вечер во црквата „Свети Никола“ во Вевчани ќе биде промовирана збирката песни „Суштината на времето“ од Виолета Пачевски.

Книгата е двојазична на македонски и српски јазик, а авторката која живее и твори во Панчево има потекло од Вевчани и Струга.

Промотори ќе бидат писателите Петко Шипинкаровски и Мишо Китаноски, а стихови ќе чита Верица Мукоска.

По промоцијата, Пачовски ќе има средби со читателите.