Македонија
17. December 2015 - 9:04

Промоција на книга колумни и есеи од Лилјана Грџо Дамовска

Во „Матица ексклузив“ вечер ќе биде промовирана книгата „Светска женска“ од Лилјана Грџо Дамовска, новинарка, уредничка во весникот „Дневник“. 

„Светска женска“ е книга во која се собрани колунистички текстови и есеи на Дамовска пишувани во последните четири години, сите со наднаслов Огледало (огледало на општествено-социјалните, културните и политичките состојби во земјава, огледало на настани, случувања и појави).

Книгата, која содржи повеќе од осумдесет поеднични текстови, ќе ја промовираат актерката и режисерка Лабина Митевска и писателот Гоце Смилевски.