Промоција на извештај за вклученост на деца и млади со посебни потреби во средното образование
Во средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе се промовира Извештајот од спроведеното истражување за вклученоста на децата и младите со посебни потреби во средното образование, по повод Меѓународниот ден на човекови права.
На презентацијата на извештајот ќе учествуваат народниот правобранител Иџет Мемети, министерката за образование Рената Дескоска и заменик претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ, Елспет Ериксон.
Извештајот, кој е изготвен врз база на податоците од анкетните прашалници доставени до сите средни училишти во Македонија, како и од спроведената анализа на законската регулатива, ќе го промовира заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска - Мустафа.
На промоцијата ќе учествува и инклузивниот тим на училиштето, кој дава поддршка на децата со посебни потреби.
Ново на Сител
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски