Македонија
7. December 2017 - 8:46

Промоција на извештај за вклученост на деца и млади со посебни потреби во средното образование

Во средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе се промовира Извештајот од спроведеното истражување за вклученоста на децата и младите со посебни потреби во средното образование, по повод Меѓународниот ден на човекови права.

На презентацијата на извештајот ќе учествуваат народниот правобранител Иџет Мемети,   министерката за образование Рената Дескоска и заменик претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ, Елспет Ериксон.

Извештајот, кој е изготвен врз база на податоците од анкетните прашалници доставени до сите средни училишти во Македонија, како и од спроведената анализа на законската регулатива, ќе го промовира заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска - Мустафа.

На промоцијата ќе учествува и инклузивниот тим на училиштето, кој дава поддршка на децата со посебни потреби.