Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен дожд
– Денеска претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот денот со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет.
Во сабота ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи.
Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.
Ново на Сител
-
Уставен суд: Уставот не предвидува интерпелација на уставните судии
-
Државата за две години потрошила 8 и пол милиони евра само за набавка на нови автомобили
-
Поради строгите правила за приватност Агелер не открива зошто Лимани не доби американска виза
-
СДСМ: Една фирма добила тендери од 4,5 милиони евра од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има голема заинтересираност за вториот повик од унгарските пари за проекти во општините
-
5 години членка на Нато-предизвиците пред кои е исправена државата се големи
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата