Поради строгите правила за приватност Агелер не открива зошто Лимани не доби американска виза
Причините зошто министерот Лимани не добил американска виза му се појаснети нему. Но, поради строгите правила за приватност во Соединетите Американски Држави, амбасадорката Агелер не можеше да ја открие причината зошто Лимани не доби дозвола да отпатува во Њурок каде завчера требал да присуствува и да се обрати на настан на Обединетите нации посветен на жените.
Лимани денеска не одговори на повиците и пораките на Сител. Од Министерството за социјала со кое раководи Лимани велат - веќе се произнесол преку Фејсбук.
Министерот во кратка објава рече дека причината за недобивањето американска виза била некаква услуга која тој ја завршил за својот братучед и прв човек на ДУИ, Али Ахмети.
-Причината за ‘пречката за слободно движење’ произлегува од фактот што жртвував сè за да го вратам Али Ахмети (заедно со неговите деца и пријатели) во неговата татковина користејќи начини и средства кои не се дозволени со меѓународното право. Ова нека послужи како потсетник за идните генерации да внимаваат кому му веруваат и за што се жртвуваат, за да не се осудат на вечно ропство, вели Лимани барајќи ТВ дуел со Ахмети.
Одбивањето на Лимани за американска виза предизвика низа реакции од политичките партии. СДСМ и Алијанса за Албанците побараа објаснување, но и оставка од министерот за социјала.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар