Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне
до 36 степени.
Според УХМР, до четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија