Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
– Времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 25 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува пет.
Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 29 степени.
До утре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а в четврток и в петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Ново на Сител
-
Пукано кон канцелариите на Камала Харис во Аризона
-
ЦУК: 1.708 повици на 112 во последното деноноќие
-
Продолжуваат превирањата околу Предлог-законот за бранителите
-
Уставниот суд ќе одржи седница
-
Сиљановска Давкова заедно со претставници на земјите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел
-
Зеленски скептичен за преговори со Русија
-
Трамп: САД треба да се повлечат од војната во Украина
-
Вучиќ ги обвини западните земји дека ги кршат нормите на ОН