Пролетен снег во поширокиот дебарски регион, засега не создава проблеми во сообраќајот
По врнежите од дожд изминатите денови, во поширокиот дебарски регион паѓа снег, кој на повисоките населени места достигна повеќе сантиметри.
Освен убавината што со себе ја носи, засега, снегот не создава проблем во нормалното одвивање на патниот сообраќај. Сепак, се препорачува внимателно возење поради влажните коловози.
– Сообраќајот се одвива непречено но по влажни коловози, на кои не се задржува снег. Нашите екипи се подготвени доколку има потреба да интервенираат. Имаме доволно абразивен материјал, сол и песок и нема никаков проблем. Сепак, поради влажниот коловоз, препорачуваме внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација – изјави за МИА, Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.
Под надлежност на дебарската секција се делницата Дебар-Жировница, на патот кон Маврово, Дебар-Глобочица, кон Струга, патот Мелнички Мост-Центар Жупа, кракот од Бошков мост кон селата од Мала Река, како и патот кон граничниот премин „Блато” или во должина од околу 120 километри.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат