Прогресивното оданочување се става во мирување во следните три години
Прогресивното оданочување се става во мирување во следните 36 месеци, објави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
– Во следните 36 месеци, стапката од 10 проценти ќе се применува на доходот од работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и од продажба на сопствени земјоделски производи, односно за оној доход за кој во сегашното решение е утврдена прогресија. Заедно со тоа ќе биде ставена во мирување и стапката од 15 проценти односно стапката од 10 проценти ќе се применува и за доход од права од индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, осигурување и друг доход, рече Ангеловска на прес-конференција во Владата.
Даночните ослободувања нема да се менуваат и остануваат како што се во сегашното решение, прецизира Ангеловска.
Ваквата одлука, како што појасни, се должи на резултатите од направената анализа според која прогресивниот данок направил незначителен ефект врз подобрувањето на нееднаквоста, а некои од даночните обврзници одлучиле дел од доходот да го префрлат на други лица за да не го надминат прагот.
Според Ангеловска, одложувањето на прогресивното одданочување нема да влијае врз социјалната реформа, за која, рече дека ќе продолжи и во иднина.
– Причината поради која предалагаме одложување, пред се, е резултат на потребата од нормативно уредување во делот на обврската за известување од страна на банките и штедилниците, како и поедноставување на администрирањето на данокот преку можностите кои ги овозможува технологијата, рече Ангеловска.
Нагласи дека не станува збор за укинување на мерките, туку само за одложување од три години, период во кој како ресорно Министерство ќе се посветат на изработка на дизајн на оптимални решенија и подигнување на свеста и довербата во даночниот систем.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра