-->
-->
Професорот на предавање стигнал 2 минути подоцна: Целиот клас бил вознемирен и лут...
-->
Оваа приказна е поука за понизност. Треба да се обрне внимание на малите нешта и на сите луѓе.
Еден ден,професорот во најдобриот медицински факултет стигнал на предавање и им најавил на студентите дека ќе им даде изненадувачки тест. Сите протестирале, само најдобриот студент не се грижел, тој бил сигурен во себе и своето знаење. Го погледнал тестот и го решил без проблем, а на крајот имало едно прашање кое го збунило.
Прашањето гласело: „Како се вика чистачката од нашата зграда?“
Студентот се насмевнал и помислил дека е шега. Си помислил дека професорот сигурно се шегува. Иако студентот ја знаел жената и секојдневно ја поздравувал во ходниците не и го знаел името. Па затоа последното прашање го оставил празно.
Друг студент го прашал професорот: „Дали последното прашање носи поени?“. Професорот смирено одговорил: „Се разбира дека ноис. Во вашата кариера ќе сретнете многу луѓе и секој човек ќе биде важен - секогаш. Сите заслужуваат признание.“
Сите студенти ја запомниле оваа животна лекција. Инаку точниот одговор на прашањето бил: „Маријана“.
Ова е навистина одличен потсетник дека сите треба да бидат почитувани, без разлика што и каде работат. Животот би бил многу покомплициран доколку не постојат луѓето кои работат во „позадина“. Сите да се почитуваме меѓусебно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален