Проект за унапредување на услугите за социјална вклученост на лица со попреченост
Развиени програми за испорака и мониторирање услуги за професионална рехабилитација и лична асистенција за лица со попреченост, се резултатите на двегодишниот ИПА пилот проект „Унапредување на услугите за социјална вклученост“.
Проектот има за цел да асистира во подобрување на системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на лицата со попреченост и да промовира еднакви можности на пазарот на трудот.
Според експертот за лична асистенција Маријана Јанковиќ, сервисите во општеството се неопходни за поголемо вклучување на лицата со инвалидитет во заедницата.
- Преку ваквите сервиси лицата може и треба да добијат поддршка што ќе им овозможи да бидат независни, да дадат придонес во заедницата и партиципираат на отворениот пазар на труд. Развивме одржлив модел што може да биде применет во Македонија и сега 70 лица со физички инвалидитет добиваат услуга за лична асистенција во рамки на пилот проектот, рече Јанковиќ.
Според експертот за ИТ технологии Зоран Николовски, извршена е надградба на информатичкиот систем „Лирикус“ во Министерството за труд и социјална политика.
- Системот веќе постои седум години во сите 30 центри во Македонија и се појави потреба да се направи надградба од причина што со промена на законската регулатива одредени термини веќе не се соодветни и треба да се ажурираат. Другата причина е дека како се собираат податоци така луѓето откриваат нови можности за надградба на системот за полесно работење и потребно беше да се додадат дополнителни информации кои би користеле во генерирањето извештаи, изјави Николовски.
Во рамки на проектот е спроведено пилотирање на услугите за лична асистенција, со цел да се добие фидбек и сугестии за потенцијални промени и надградби на предложениот модел за лична асистенција, со цел создвање на модел целосно по мерка на конкретните потреби на корисниците во седум градови Кочани, Велес, Охрид, Струмица, Битола,Тетово и Скопје.
На настанот министерката за труд и социјална политика Мила Царовска додели сертификати на учесниците во обуките во рамките на проектот за професионална рехабилитација и персонална асистенција.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.366.250 евра и главен корисник е Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија