Продолжува судењето за „Титаник“, се сослушуваат сведоци на обвинителството
Со сослушување на сведоци, предложени од обвинителството денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“. Судскиот предмет „Титаник“ е еден од првите случаји отворени од поранешното СЈО, меѓутоа иако е изминат голем период од почетокот на постапката судењето се уште е во фаза на изведување докази.
Од вкупниот број на вербални докази предложени од обвинителството до крај на ова фаза свој искази се очекува да дадат уште 50-тина сведоци. Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.
Според обвинението како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица. Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ