Продолжува судењето за случајот „Двојник“
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за петмина од обвинетите за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани.
На првото рочиште за случајот, од првично обвинетите 11 лица, петмина признаа вина, а постапката беше раздвоена за обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна, а која преку својот бранител преднајави признание на вина.
Постапката сега продолжува за обвинетите Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари, кои на минатото рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар.
Судот ги прогласи за виновни за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување четворицата вработени во МВР, кои претходно признаа вина и им одреди казни затвор и тоа: казна затвор од две години и седум месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години за обвинетиот Денис Баруфи, казна затвор од две години и три месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години на Ален Личина, на Ѓорѓе Велков казна затвор од две години и мерка забрана за вршење дејност и должност десет години, додека на Фарук Биља, му одреди алтернатива мерка условна осуда од шест месеци, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од две години не го повтори делото, како и забрана за вршење дејност и должност во период од три години. На Раиф Мифтари, судот му одреди казна затвор од две години и три месеци за кривично дело поттикнување.
Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.
Според обвинението, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин.
Ново на Сител
-
Кривична против тројца штипјани, во зграда нападнале лице при што употребиле електрошок
-
ОЈО Куманово ги чека извештаите од извршените контроли за случајот со починатиот кумановец
-
Ограбена менувачница во Скопје за 10 илјади евра
-
Кај тројца од жртвите во пожарот во Кочани имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица скршеници на ребра и задушување од притисок при стампедо
-
На патот Неготино-Градско во возило „рено клио“ пронајдени пет мигранти од Египет
-
Тошковски: Не можам да се сложам дека актуелни носители на функции не се дел од истрагата за пожарот во Кочани
-
Две деца на возраст од 11 и 13 години се оддалечиле од Детско село
-
Црвен крст: Досега собрани 48.172.115 денари