Продолжува собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2021
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата по Предлог-буџетот за 2021 година. Седницата е најавена во 11 часот.
Собраниската расправа по предложениот буџет за следната година почна минатата недела. Министерот за финансии Фатмир Бесими пред пратениците образложи дека Предлог-буџетот има три основни цели – зајакнување на системот на здравствена заштита, поддршка за економска стабилизација, како и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евроатланските интеграции.
„Здравје“ е клучен збор за Предлог-буџетот за 2021 година, рече Бесими, додавајќи дека најважно и најприоритетно е здравјето на граѓаните, здравата економија и здравите финансии.
За опозицијата, предложениот буџет е нереален и строго партиски и со него нема да се поддржат реалниот сектор и граѓаните, додека за пратенците од власта буџетот е континуитет на одговорните и домаќински политики на Владата предводена од СДСМ.
Согласно Деловникот за работа на Собранието, расправата за Предлог-буџетот трае 10 дена. На владиниот Предлог-буџет поднесени се околу 500 амандмани од кои најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ