Продолжува потрагата по исчезнатото лице од штипско Степанци, велат од ЦУК
Продолжува потрагата по исчезнатото повозрасно лице од селото Степанци во Општина Штип, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Лицето последен пат било видено на 5 април 2025 година, а за исчезанто било пријавено на 7 април 2025 година во 16:20 часот на бројот за итни случаи 112.
- За неговото исчезнување се известени МВР Штип и Општина Штип, а и други институции и служби, здруженија и граѓани кои можат да помогнат и помагаат во потрагата, информира Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК.
Вчера од роднини и пријатели е пребаруван повторно теренот околу селото Степанци и околу другите блиски села. Претходниот ден (8 април 2025 година) во потрагата биле вклучени 15 лица, меѓу кои и двајца вработени од РЦУК Штип, кои доброволно се вклучиле во потрагата.
- Денеска се очекува во потрагата да се вклучат извидници од Штип, дел ловци од ЛЗ „Ловец“ од Штип, а ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршат пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од камерите на терен. И жители од околните села во тој реон самостојно вршат претага во атарот на нивните села, се наведува во соопштението од ЦУК.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО