Ердоган: Гласањето во ЕП нема никаква вредност за нас
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека гласањето во Европскиот Парламент за евентуален прекин на пристапните преговори меѓу ЕУ и Анкара ништо не и значи на неговата земја и повторно ја обвини Европа дека стои зад терористичките организации.
-Повеќе пати јасно кажавме дека многу повеќе ги почитуваме европските вредности од многу земји на ЕУ, но не можевме да ја видиме конкретната поддршка на западните пријатели... Ниту едно ветување не е исполнето, рече Ердоган на конференцијата на Организацијата за исламска соработка во Истанбул.
Ердоган кажа дека пратениците на ЕП утре ќе гласаат за преговорите со Турција.
-Каков и да биде резултатот, тоа гласање нема никаква вредност во нашите очи, рече тој, а пренесоа британските медиуми.
Лидерите двете најголеми групи во Европскиот Парламент вчера ја повикаа Европската Унија да ги прекине преговорите со Турција заради постапките на властите од оваа земја по обидот за пуч во јули годинава.
Ново на Сител
-
Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна
-
Кина продолжува да ги намалува ограничувањата за странски инвестиции
-
Фон дер Лајен: Трансформациите треба да бидат фер и да обезбедат просперитет за сите во Европа
-
ДЗС располага само со еден функционален „Ер трактор“, но моментално нема потреба од дополнителни летала
-
Лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава
-
Се шетал со полн пиштол и уште 61 куршуми - Уапсен 19 годишник
-
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и ЈО да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува