Македонија
31. January 2024 - 8:07

Продолжува комисиската расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска треба да одржи ново продолжение на седницата на која на дневен ред е  утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. За уставен судија е предложена универзитетската професорка Ана Павлова Данева.

Закажана е и седница на Законодавно-правната комисија, за расправа по Предлог законот за административни службеници, Предлог законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Предлог законот за вработените во јавниот сектор и Предлог законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, сите по скратена постапка.