Продолжува евакуацијата на мигрантите од кампот во Кале
Евакуацијата на мигрантите од кампот „Џунгла“ во францускиот пристанишен град Кале денеска продолжува.
- Вчера, на првиот ден од операцијата на француските власти со цел уривање на озлогласениот камп, евакуирани се 2.318 мигранти и одведени на други локации за сместување, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.
- Од 2.318 мигранти, 1.918 возрасни го напуштија Кале со 45 автобуси и тие се превезени во 80 прифатни и ориентациони центри, кои се наоѓаат во 11 региони на Франција, додаде Казнев.
Според него 400 деца се одведени во привремени приемни центри во рамки на кампот пред да бидат префрлени на друго место.
Евакуацијата на кампот почна вчера изутрината, а во рамки на операцијата меѓу шест и осум илјади мигранти ќе бидат преместени во прифатни центри ширум Франција.
Планирано е до крајот на неделата кампот да се испразни и да биде урнат.
Околу 1.250 полицајци и други припадници на силите за безбедност се мобилизирани со цел да се обезбеди спроведувањето на операцијата.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето