Проблемот со вакцините е дека нема толку производство колку што има побарувачка, вели Шекеринска
Четири милијарди луѓе низ светот бараат вакцини. И овие проблеми со вакцините се случуваат во речиси секоја земја – членка и на НАТО. Неколку од членките од ЕУ бараат да се тужат производителите заради тоа што не испорачале потребни количини. Има еден период во кој очигледно повеќе ќе треба компаниите да сработат за количините да одговараат.
Ова го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител. Таа рече дека клучно ќе биде да добиеме вакцини против Ковид-19 на кои може да им се верува, во кои нашите граѓани ќе имаат доверба, но и количини што ќе ги задоволат потребите.
Посочи дека проблемот со недостигот на вакцини не е ниту во ЕУ, ниту во НАТО, ниту во земјите, туку дека нема толку производство колку што има побарувачка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест