-->
-->
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-->
На 25.11.2024 во 10.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(48) од Кочани поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 од Кривичниот законик. Имено, при контрола на патничкото возило „фолксваген пасат“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека ВИН бројот во сообраќајната дозвола не се совпаѓал со ВИН бројот на возилото.
Заедно со возилото, тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет