Македонија
3. March 2025 - 12:09

Приведени две лица од Турција за приложување фалсификувани патни исправи

На  02.03.2025 во 10.00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром - Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишиле од слобода У.Ј.А.(21) и 14-годишник, двајцата од Република Турција, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција констатирано било дека приложиле португалски фалсификувани патни исправи. 

У.Ј.А бил спроведен во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка, додека по наредба на Јавен обвинител, малолетникот бил предаден на родител.