-->
-->
Приведен велешанец, пронајдени 11 килограми опиум
-->
На 06.02.2025 во 16.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода З.К.(54) од Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена темно кафеава грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања било утврдено дека е опиум со нето маса од 11 килограми.
З.К. бил задржан во полициска станица, известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси